• вторник, 07 јануари 2025

Маж вооружен со нож се обиде да влезе во зграда на белгиската Влада 

Маж вооружен со нож се обиде да влезе во зграда на белгиската Влада 

Брисел, 6 јануари 2025 (МИА) – Маж вооружен со нож утрово се обидел да влезе во зграда каде се сместени административните служби на белгискиот премиер, но бил оневозможен во намерата и совладан од припадници воената полиција, јави дописникот на МИА од Брисел.  

- Можеме да потврдиме дека околу 10:00 часот денеска, еден маж е уапсен пред владината зграда, соопшти бриселската полицијата. 

Директорот на Службата за односи со јавноста на премиерот Александер де Кро, Баренд Лејтс во изјава за весникот „Соар“ го потврди инцидентот. 

- Лицето е однесено во полициска станица, изјави Лејтс, нагласувајќи дека при интервенцијата нема повредени полицајци. 

Полицијата информира дека приведениот „наводно бил вооружен со нож“ и упатувал закани кон присутните припадници на воената полиција, кои го совладале. 

- Неговите мотиви засега се нејасни, се наведува во полициското соопштение, при што се додава дека во тек е полициска истрага за случајот. 

Идентитетот на приведениот засега не е соопштен. сп/ 

Фото: МИА Архива 


 

Остани поврзан