• сабота, 21 декември 2024

Русија ја критикуваше забрана на САД за увоз на руска нафта

Русија ја критикуваше забрана на САД за увоз на руска нафта
Москва, 9 март 2022 (МИА) – Русија ја критикуваше одлуката на САД да воведе општа забрана за увоз на руска сурова нафта и предупреди дека тоа може да има глобални последици. - Притисокот на американските санкции врз Русија одамна ги премина сите граници на политичка и економска смисла, напиша руската Амбасада во Вашингтон на својата Фејсбук страница. „Како и обично, САД не размислуваат за фактот дека ограничувањата секогаш се меч со две сечила“, соопшти Амбасадата. Во соопштението се додава дека „очигледно е оти отфрлањето на нашите ресурси ќе доведе до значителни флуктуации на глобалните енергетски пазари“, што негативно ќе влијае врз интересите на компаниите и потрошувачите, пред сè во САД. Амбасадата нагласува дека „Русија има опции каде да ги пренасочи своите висококвалитетни и конкурентни производи“. јт/

Остани поврзан