• петок, 08 ноември 2024

Русија уништила три украински дрона над Црно Море

Русија уништила три украински дрона над Црно Море

Москва, 24 октомври 2023 (МИА) - Руската војска неутрализирала три украински дрона над Црното Море за кои се верува дека за цел го имале заливот Севастопол, на Крим.

„Ноќеска, околу 4 часот по локално време, откриени се три беспилотни летала на украинската армија во северниот дел на Црното Море“, се наведува во соопштението на руското Министерство за одбрана.

Како што се додава во соопштението, во зоната за откривање на беспилотните летала бил извршен напад со антидиверзантски ракетни системи. 

Во заливот Севастопол, каде што е матичното пристаниште на руската Црноморска флота, во тек се антидиверзантски мерки. сд/

фото: МИА архива

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан