Русија тврди дека соборила 36 дронови испратени од Украина
- Системите на руската противвоздушна одбрана уништија 36 дронови, испратени од Украина во текот на изминатата ноќ кон територијата на Русија, соопшти Министерството за одбрана во Москва.
Москва, 30 јуни 2024 (МИА) - Системите на руската противвоздушна одбрана уништија 36 дронови, испратени од Украина во текот на изминатата ноќ кон територијата на Русија, соопшти Министерството за одбрана во Москва.
Петнаесет беспилотни летала се соборени над Курска област, девет над Липецка, по четири над Воронешка и Брјанска и по два над Орловска и Белгородска, посочи Министерството во објава на социјалната мрежа Телеграм. ссм/
фото: архива/илустрација