Русија и Белорусија ќе потпишат договор за безбедносни гаранции
- Русија и Белорусија ќе потпишат договор за меѓусебни безбедносни гаранции во интерес на двете земји, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
Москва, 6 декември 2024 (МИА) - Русија и Белорусија ќе потпишат договор за меѓусебни безбедносни гаранции во интерес на двете земји, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
Претседателот на Русија, Владимир Путин, ќе учествува на денешниот состанок на Врховниот совет на сојузната држава во Минск, чиј домаќин е неговиот белоруски колега Александар Лукашенко.
-Ова е иницијатива со апсолутна еднаквост, рече Песков по повод договорот. „Логиката во развојот на настаните ја диктира потребата од таков документ“, додаде тој. мс/
фото: ЕПА