• петок, 26 јули 2024

Румениге: Милијарди навивачи ќе ја гледаат Бундеслигата

Румениге: Милијарди навивачи ќе ја гледаат Бундеслигата
Минхен, 13 мај 2020 (МИА) - Извршниот директор на Баерн Минхен, Карл-Хајнц Румениге го сподели своето мислење за продолжување на сезоната. Рестартирањето на германскиот шампионат ќе започне на 16 мај. - Како што рече премиерот, викендот е поиздржан со фудбалот отколку без него. Бундеслигата ќе биде единствениот шампионат што ќе се емитува на телевизија. Мислам дека милијарди фанови ќе нè гледаат. Многу ми е жал за однесувањето на телевизијата, која ги имаше правата. Тие ги поништија договорите. За нив, ова ќе биде голема загуба на имиџот. Кој ќе сака да се потпира на нив во иднина? - изјави Румениге за „Спорт Билд“. зс/

Остани поврзан