Рубио, по Нетанјаху, се сретна и со Херцог и Сар
- Американскиот државен секретар Марк Рубио денеска во Израел се сретна и со израелскиот претседател Исак Херцог во неговата резиденција.

Ерусалим, 16 февруари 2025 (МИА) - Американскиот државен секретар Марк Рубио денеска во Израел се сретна и со израелскиот претседател Исак Херцог во неговата резиденција.
Според „Тајмс оф Израел“, тоа било тет-а-тет средба, по што следи проширен состанок со помошниците.
Рубио се сретна и со израелскиот министер за надворешни работи Гидеон Сар, по средбата со премиерот Бенјамин Нетанјаху. паг/