• петок, 24 јануари 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Рубио: За крај на војната и Русија и Украина треба да направат отстапки

Рубио: За крај на војната и Русија и Украина треба да направат отстапки

Вашингтон, 15 јануари 2025 (МИА) – Сенаторот Маркo Рубио, кандидат на новоизбраниот претседател Доналд Трамп за американски државен секретар, денеска изјави дека и Москва и Киев ќе мора да направат отстапки за да заврши војната во Украина.

- Тоа ќе биде тешка работа, истакна Рубио на сослушувањето пред Комитетот за надворешни работи на Сенатот.

Тој додаде дека се надева оти може да се постигне прекин на огнот, но „за да се случи тоа, двете страни треба да имаат лостови за влијание“. ми/

фото: МИА архива

Остани поврзан