• вторник, 30 јули 2024

Роналдо сè уште не решил дали ќе ги претвори своите хотели во болници за лекување на пациенти со коронавирус

Роналдо сè уште не решил дали ќе ги претвори своите хотели во болници за лекување на пациенти со коронавирус
Мадеира, 15 март 2020 (МИА) - Португалската фудбалска sвезда и играч на Јувентус, Кристијано Роналдо, одлучи да ги пренамени своите хотели во Португалија во болници за лекување на пациенти со коронавирус, јави шпанската „Марка“. Роналдо има луксузни хотели во Лисабон и Мадеира за кои Шпанците тврдат дека ќе станат болници за оние кои се заразиле со КОВИД-19 следната недела. - Сместувањето ќе биде бесплатно за сите, а Роналдо ќе ги покрие и сите медицински трошоци, платите за лекарите, медицинските сестри и другиот персонал, напиша „Марка“. Сепак, се чини дека засега нема ништо од ова. Бројни извори објавија дека оваа одлука сè уште не е донесена и дека иако Роналдо веројатно размислува за ова, засега не може да се потврди. Роналдо во моментов е во самоизолација во родната Мадеира.

Остани поврзан