• четврток, 07 ноември 2024

Роналдо е првиот играч во историјата кој постигнал 600 голови на врвно ниво

Роналдо е првиот играч во историјата кој постигнал 600 голови на врвно ниво

Ријад, 7 октомври 2024 (МИА) – Фудбалерот на Ал Наср, Кристијано Роналдо викендот постигна еден гол на натпреварот од 6. коло на шампионатот на Саудиска Арабија против Ал-Оруба (3:0).

Според Меѓународната федерација за фудбалска историја и статистика (IFFHS), овој гол за 39-годишниот напаѓач беше 600-ти во кариерата на највисоко ниво (во врвните дивизии на првенствата на земјите во кои играше играчот). 

Роналдо е првиот фудбалер во историјата кој стигна до 600 погодоци.

Второто место по бројот на голови на највисоко ниво во историјата го зазема напаѓачот на Интер Мајами, Лионел Меси (556).

Кристијано Роналдо игра за Ал-Наср од 2023 година. Претходно, фудбалерот настапуваше за Спортинг (Португалија), Манчестер јунајтед (Англија), Реал Мадрид (Шпанија) и Јувентус (Италија). зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан