Романот „Незадоволна“ на Ксениjа Николова преведен на руски јазик
- „Незадоволна“ е последното напишано дело на младата писателка и истото ќе биде издадено и на англиски јазик во април.
Скопје, 18 јануари 2022 (МИА) - Романот „Незадоволна“ на младата македонска писателка Ксениjа Николова деновиве излезе од печат во Русиjа во превод на Олга Панкина.
„Незадоволна“ е последното напишано дело на младата писателка и ќе биде издадено и на англиски јазик во април.
Во јули 2021 година, нејзиниот роман „Емотивен манипулатор“ беше објавен на бугарски јазик, а истата година таа потпиша договор со интернационална издавачка куќа која го издаде нејзиниот роман „Сите мажи ја сакаат Лиа“ на англиски јазик, за интернационалниот пазар.
Рускиот издавачки гигант „Ексмо“ на почетокот на 2022 година го издаде романот „Незадоволна“ во превод на руски јазик на Олга Панкина, и со тоа Николова влезе и на рускиот пазар. ар/хс/