• четврток, 29 август 2024

Рогозин: Хакирање на сателитите за Роскосмос ќе значи оправдување за војна

Рогозин: Хакирање на сателитите за Роскосмос ќе значи оправдување за војна
Москва, 2 март 2022 (МИА) – Директорот на руската вселенска агенција Роскосмос, Дмитриј Рогозин денеска изјави хакирањето на кој било од нејзините сателити како оправдување за војна. - Исклучувањето на сателитите на која било земја е всушност е причина за војната, наведе Рогозин. Неговата изјава уследи откако пред два дена откако официјален претставник на НАТО изјави дека кибер напад врз земја-членка на Алијансата може да го покрене член 5, клаузулата за колективна одбрана. Рогозин ги демантираше медиумските извештаи дека руските сателитски контролни центри веќе биле хакирани. Тој додаде дека Роскосмос бара гаранции од „УанВеб“ (OneWeb) со седиште во Велика Британија дека нивните сателити нема да се користат против Русија. - Без гаранции Русија ќе го откаже лансирањето на 36 сателити на „УанВеб“ од космодромот Бајконур, што е планирано за 4 март. ми/

Остани поврзан