• сабота, 23 ноември 2024

Роверот на НАСА го доби името „Упорност“

Роверот на НАСА го доби името „Упорност“
Хјустон, 6 март 2020 (МИА) - Месечевиот ровер кој летово ќе биде испратен на планетата Марс, го доби името „Упорност“ (Perseverance). Ова е резултат од конкурсот и интернет-гласањето спроведено изминативе неколку месеци. Американската Национална вселенска агенција - НАСА досега го водеше проектот под името „Марс 2020“. Новото име го предложи Александер Метер - 13-годишен ученик од американската сојузна држава Вирџинија. Слетувањето на „Упорност“ на Марс се очекува во февруари 2021 година, со приземјување во областа Кратер. Роверот ќе собира примероци од „Црвената планета“ коишто ќе бидат пратени на Земјата заради анализа. Ќе се бараат и знаци на живот, наоѓалишта со минерали и можни микроскопски фосили во околината, што ќе им помогне на научниците да утврдат дали живот на Марс некогаш бил можен. Покрај тоа, „Упорност“ ќе ја испитува и почвата и ќе тестира дали таму јаглерод-диоксидот може да се претвори во кислород. си/

Остани поврзан