• сабота, 23 ноември 2024

Речиси цел Генералштаб на војската на САД е во самоизолација

Речиси цел Генералштаб на војската на САД е во самоизолација
Вашингтон, 7 октомври 2020 (МИА) - Речиси сите членови на американскиот Генералштаб заминале во самоизолација, откако вториот човек на Крајбрежната стража објавил дека е позитивен на коронавирус. Адмиралот Чарлс Реј, по состанокот на американскиот воен врв во Пентагон, бил тестиран позитивно на Ковид-19. Висок воен претставник, кој побарал да остане анонимен, нагласил дека поради ризик речиси целиот состав на Генералштабот бил тестиран на коронавирус, но сите, освен адмиралот Реј, биле негативни и продолжиле со своите должности. Во меѓувреме, Белата куќа соопшти дека зголемениот број на заразени со Ковид-19 меѓу претставници на американската администрација, не го загрозува функционирањето на Владата на САД. - Освен адмиралот Реј, нема други високи воени претставници кои се заразени со коронавирус. Борбената готовност и подготвеност на американските вооружени сили се непроменети, изјави претставникот на Пентагон, Џонатан Хофман. гт/

Остани поврзан