• среда, 17 декември 2025

Речиси три четвртини од потрошувачката на струја се озбезбедува од домашни извори

Речиси три четвртини од потрошувачката на струја се озбезбедува од домашни извори

Скопје, 26 јуни 2025 (МИА) - Вкупната бруто-произведена електрична енергија во април 2025 година изнесува 338 832 МWh, што претставува 73.6 % од бруто-домашната потрошувачка на електрична енергија, соопшти Државниот завод за статистика.

Во април 2025 година, вкупната потрошувачка по видови енергенти изнесува: 460 185 МWh електрична енергија, 6.785 милиони nm3 природен гас, 305 848 тони јаглен и 101 241 тони нафтени продукти.

Во април 2025 година во однос на април 2024 година, вкупната потрошувачка на природен гас е намалена за 45.9 %, а на нафтени продукти е зголемена за 18.0 %.са/

Фото: МИА

Остани поврзан