• среда, 25 септември 2024

Речиси рекорден број шумски пожари во Боливија

Речиси рекорден број шумски пожари во Боливија

Ла Паз, 24 септември 2024 (МИА) – Шумските пожари во Боливија се на пат да постават рекорд на сите времиња, покажуваат најновите сателитски податоци, при што жариштата ја надминаа стапката во истиот период за време на големите пожари што ја погодија земјата во 2010 година.

Сателитските податоци од бразилската агенција за вселенски истражувања Инпe покажаа дека Боливија до 22 септември имала 70.628 жаришта на пожари.

Во периодот јануари-септември 2010 година имало рекордни 83.119 пожари.

Во текот на викендот, помош од други земји, вклучително и воден бомбардер Lockheed Electra Tanker 481 и хеликоптер Ербас BK117 D3, пристигна во централниот боливиски регион Санта Круз, една од областите најтешко погодени од пожарите.

Научниците велат дека иако повеќето пожари се подметнати од луѓе, неодамнешните топли и суви услови предизвикани од климатските промени им помагаат на пожарите побрзо да се шират. јт/

Фото: ЕПА

Остани поврзан