• среда, 27 ноември 2024

Регионална школа за безбедност 2022 „Хибридните закани и надворешни актери во време на воена агресија во Европа - импликации врз регионалната безбедност“

Регионална школа за безбедност 2022 „Хибридните закани и надворешни актери во време на воена агресија во Европа - импликации врз регионалната безбедност“
Скопје, 9 април 2022 (МИА) - Министерката за одбрана Славјанка Петровска денеска ќе се обрати на Регионалната школа за безбедност 2022 насловена „Хибридните закани и надворешни актери во време на воена агресија во Европа – импликации врз регионалната безбедност“, што ќе се одржи во хотел „Бест Вестерн” во Скопје. Организатори на школата на која ќе учествуваат професори и студенти од земјава, Бугарија и Србија, се Универзитетот „Св. Климент Охридски”, Фондацијата „Конрад Аденауер“ и Центарот за европски студии „Вилфред Мартенс“ од Брисел. Како што информира Министерството за одбрана тридневната Регионална школа нуди размена, соработка и зајакнување на довербата меѓу студентите, професорите и практичарите од земјите од регионот, а воедно ги испитува тесните грла за соработка и координација во борбата против хибридни закани. Школата, меѓу другото има цел да се дефинираат можните решенија и политики, како и потенцијалните оперативни мерки за надминување на предизвиците и подобрување на соработката во справувањето со хибридни закани. сп/

Остани поврзан