Регионален извор за Си-Ен-Ен: Израел и Хезболах блиску до договор за прекин на огнот
- Регионален извор сугерира дека договорот е поблиску од кога било, но сè уште не е постигнат. Американските и израелските власти предупредуваат дека посредниците се уште не добиле зелено светло.
Вашингтон, 25 ноември 2024 (МИА) - Договорот за прекин на огнот меѓу Израел и либанската милитантна група Хезболах е „многу блиску“, изјави регионален извор за Си-Ен-Ен.
Регионален извор сугерира дека договорот е поблиску од кога било, но сè уште не е постигнат. Американските и израелските власти предупредуваат дека посредниците се уште не добиле зелено светло.
- Се движиме во таа насока, но се уште има некои прашања што треба да се решат, изјави портпаролот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху за Си-Ен-Ен.
Повеќе од 3000 луѓе загинаа во израелските напади од средината на септември, според либанското Министерство за здравство, што го нагласува итниот карактер на преговорите.
Хезболах ја разгледува американско-израелската иницијатива за 60-дневен прекин на огнот, што може да биде основа за траен договор. Американскиот посредник Амос Хохштајн оваа недела разговара со регионални лидери за постигнување договор.
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху одржа консултации за предлозите за прекин на огнот, додека американски и израелски официјални лица предупредуваат дека има нерешени прашања. ссм/
фото: архива