• сабота, 24 август 2024

Реал подготвен да организира збогување со Рамос

Реал подготвен да организира збогување со Рамос
Мадрид, 7 јуни 2021 (МИА) - Прашањето со заминувањето на дефанзивецот Серхио Рамос од Реал Мадрид е блиску до решавање. Мадридскиот клуб се подготвува да се збогува со фудбалерот. Претседателот на Реал, Флорентино Перез има намера да го контактира Рамос за да организира збогување со него овој месец. Идејата на Реал Мадрид е Рамос да се фотографира со дваесет и двата освоени трофеја во Реал Мадрид како благодарност за неговиот придонес. Реакцијата на играчот на оваа идеја е непозната. зс/

Остани поврзан