• четврток, 25 јули 2024

Реал загуби од Бетис и му го препушти врвот на Барселона

Реал загуби од Бетис и му го препушти врвот на Барселона
Севиља, 9 март 2020 (МИА) – Во последниот натпревар од 27. коло од шпанската Ла Лига, Реал Мадрид синоќа беше поразен на гостувањето кај Бетис со 2:1. За Реал ова беше втор пораз во последните три натпревари од домашното првенство. Стрелци на головите за тимот од Севиља беа Сиднеи во 40. и Тељо во 80. минута, Бензема од пенал во финишот на првото полувреме го постигна единствениот погодок за Реал. „Кралскиот клуб“остана на 56 бода и пропушти шанса со победа да се врати на првото место на табелата на кое сега е Барселона со 58 бода. Бетис е на 12. место со 33 бода. зс/

Остани поврзан