• петок, 26 јули 2024

Реал го отпушти шефот на медицинскиот оддел поради големиот број повреди и рецидиви

Реал го отпушти шефот на медицинскиот оддел поради големиот број повреди и рецидиви

Мадрид, 13 ноември 2023 (МИА) - Реал Мадрид го отпушти шефот на медицинскиот оддел на клубот Нико Михиќ, објави „Marca“.

Според шпанскиот спортски весник, раководството на клубот е незадоволно од големиот број на повреди оваа сезона. Забележано е дека рецидивите на Карим Бензема, Давид Алаба и Дани Себалос доведоа до конфликти меѓу играчите и медицинските работници.

На почетокот на сезоната Реал на долги периоди ги загуби Тибо Куртоа и Едер Милитао поради повреди на вкрстените лигаменти на коленото.

Реал по 13 натпревари е на второто место во Ла Лига со 32 бода. Лидер е Жирона со 34 бода. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан