Реакција од Кабинетот на претседателката Сиљановска-Давкова на соопштението на ДУИ
- Соопштение-Кабинетот на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова категорично ги демантира наводите во соопштението на политичката партија Демократската унија за интеграција објавено на 18 февруари 2025 година, според кои Претседателката на државата не упатила честитка по повод Денот на независноста на Република Косово.

Скопје, 18 февруари 2025
Кабинетот на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова категорично ги демантира наводите во соопштението на политичката партија Демократската унија за интеграција објавено на 18 февруари 2025 година, според кои Претседателката на државата не упатила честитка по повод Денот на независноста на Република Косово.
Согласно дипломатската пракса, претседателката Сиљановска-Давкова на 17 февруари 2025 година, преку Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, упати писмо-честитка до нејзиниот хомолог, претседателката на Република Косово, Вјоса Османи-Садриу.
За кабинетот е неприфатливо што ДУИ преку пласирањето на лажни и непроверени информации и извлекување на неосновани констатации, се обидува да го наруши угледот и кредибилитетот на претседателката Сиљановска-Давкова.
Потврда дека не станува збор за дипломатски превид, а уште помалку за поткопување на добрососедството е и прифаќањето на поканата од страна на претседателката Сиљановска-Давкова за присуство на свечениот прием по повод одбележувањето на Денот на независноста на Република Косово, што вечерва го приредува косовската Амбасада.
Во интерес на објективното јавно информирање, а со цел да не дозволиме граѓаните да бидат манипулирани, во прилог го доставуваме интегралниот текст на писмото-честитка упатено по повод Денот на независноста на Република Косово.
Реакција од Кабинетот на Сиљановска-Давкова
__________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.
Фото: Кабинет на Силјановска Давкова, копија од писмото