Реакција на Град Скопје на градоначалникот на општина Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски
- СООПШТЕНИЕ - Ѓорѓиевски би требало да знае дека предлог-буџетот на град Скопје е доставен до советниците во Советот на град Скопје на разгледување на разгледување во законски утврдениот рок пред Седницата на која треба да се разгледува и усвојува. За жал, функционалната неписменост на кадрите на ВМРО-ДПМНЕ предизвикуваат сериозни проблеми за граѓаните на градот Скопје.
Скопје, 18 декември 2024
Навистина е тажно да се читаат „соопштенијата“ на градоначалникот на Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски кои изобилуваат со небулози и докази на функционална неписменост.
Имено, Ѓорѓиевски би требало да знае дека предлог-буџетот на град Скопје е доставен до советниците во Советот на град Скопје на разгледување на разгледување во законски утврдениот рок пред Седницата на која треба да се разгледува и усвојува. За жал, функционалната неписменост на кадрите на ВМРО-ДПМНЕ предизвикуваат сериозни проблеми за граѓаните на градот Скопје.
Што се однесува на меѓуопштинските соработки, Ѓорѓиевски по четири години мандат се уште нема научено дека таквата соработка ја одобрува Советот на градот Скопје. Оттука произлегува дека или советниците на ВМРО-ДПМНЕ не знаат да читаат, па по навика гласаат против на седниците на Советот на град Скопје или намерно ги блокираат меѓуопштинските проекти и соработка на градоначалниците од своите партиски редови.
На крајот, бидејќи неговиот шеф Мицкоски одбива телевизиска дебата, му предлагам на Орце Ѓорѓиевски во термин и на место кое нему му одговара да ги соочиме реализираните проекти од неговата програма, каде ќе биде евидентно дека и покрај целосна поддршка која ја има во советот на Кисела Вода сепак нема реализирано што ветил пред граѓаните. Вистината сепак е непријатна за ВМРО-ДПМНЕ.
Град Скопје
________________________________________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.
фото МИА архива