Реакција на ВМРО-ДПМНЕ по повод форумот 100 дена од мандатот на Владата
- 100 дена влада на СДСМ и ДУИ - ароганција и дрскост кон народот, и нестабилност на економијата.
100 дена влада на СДСМ и ДУИ - ароганција и дрскост кон народот, и нестабилност на економијата.
Изминативе 100 дена власта се однесува арогантно со народот. Цената на струјата е зголемена за 30%, а на парното греење за 15%. Народот плаќа поскапи сметки, и сето тоа затоа што владата е арогантна и не ги послуша експертите и ВМРО-ДПМНЕ кога даваа решенија за енергетската криза. Но и заради криминалот во РЕК Битола и милионите евра во матни тендери.
Владата е неспособна и затоа цените на брашното, лебот, зејтинот, млекото, горивата сите се зголемени во дијапазон од 70% до 100%.
Власта овие 100 дена, но и изминативе 5 години е неспособна и затоа што во ек на светска криза за храна, родот на нашите земјоделци останува да скапува по нивите затоа што или нема откуп или цените се ниски и нерентабилни.
Овие 100 дена влада ќе останат запаметени и по криминалот на Мухамед Зекири кој пред очите на Ковачевски крадел, а Ковачевски до последно го бранеше.
100 дена влада ја одбележуваат и 100 дена несигурност. Обид да се сокрие убиство, кражба на оружје од полициска станица и кражба на масло од марихуана во висина од 2 милиони евра.
100 дена СДСМ и ДУИ, 100 дена ароганција, дрскост и неспособност.