• сабота, 23 ноември 2024

Реакција на ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на Кузевска

Реакција на ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на Кузевска

19 ноември 2023 

СДС не знае како да ја оправда егзотичната винска екскурзија на Ковачевски и рубља-владата, па прави конструкции и лаги

СДС се користи со конструкции и лаги, за да дефокусира од својата неспособност и криминал, но и од егзотичната винска екскурзија на Ковачевски, платена со народни пари.

СДС не може да се помири со фактот дека локалната самоуправа има три пати повисок рејтинг од централната власт и владата на Ковачевски.

СДС не може да се помират со тоа што на локално ниво се гради, а централната власт нема изработено ништо.

СДС не може да прифати дека после две години градоначалниците немаат ниту еден коруптивен скандал, за разлика од нивните владини функционери кои се поврзуваат со криминални афери на дневна основа.

Денес јавноста очекуваше СДС да излезе со одговор каде завршиле рубљите од пајташот на владата на СДС, Дака Давидовиќ кој е ставен на црната листа на САД, заедно со нивниот градоначалник Рамиз Мерко.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

___________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан