Реакција на ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на Богданка Кузеска
- СООПШТЕНИЕ - СДС пред било што да каже треба да се извини што дозволи Артан Груби да прави милионски криминал со години.
Скопје, 18 јануари 2025
СДС пред било што да каже треба да се извини што дозволи Артан Груби да прави милионски криминал со години.
Нека ги праша Кузевска Филипче, Спасовски, Заев и Ковачевски зошто дозволија Груби да ја ограби државата.
СДС и ДУИ 7 години ја уништија државата и системот, Буџетот за 2025 година е развоен и е креиран за потребите на граѓаните.
Економијата на СДС и ДУИ граѓаните ја видоа на дело изминатите 7 години, која го уништи животниот стандард на граѓаните и ги остави со празни џебови.
7 години СДС и ДУИ ги осиромашија граѓаните, ја испразнија буџетската каса и ја задолжија државата и идните генерации.
СДС и ДУИ потрошија милионски буџети изминатите 7 години, а позади себе оставија хаос во институциите и колапс на системот.
СДС и ДУИ недомаќински и неодговорно ги трошеа народните пари, ги оставија учениците без учебници, студентите без оброци, земјоделците со ниски откупни цени за производство, работниците на АД Водостопансто и ЈП Македонски Шуми без плати а здравството руинирано.
Сега за прв пат во македонската историја се покачија пензиите за 2500 денари и годинава за уште 2500 денари, со тоа во првата година од мандатот пензиите се покачени за 5000 денари.
За прв пат се договори стабилен раст на платите во образованието и се договори како тие ќе растат во следниот период.
Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ се грижи за сите работници, а вработените во здравството добиваат покачување на платите од 40 до 50 проценти во следните 4 години.
Покрај зголемувањето за 10 % во 2024 година за плати, 2025 во март месец ќе има дополнителни 5 % зголемување, наредната 2026 година зголемувањето ќе е од 5-7 %, истото зголемување од 5-7% ќе биде и во 2027 година, а од 7-10 % ќе биде зголемувањето во 2028 година.
Со Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ Македонија се трансформира.
Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ презема активни економски мерки.
Буџетот за 2025 година е развоен и е креиран за потребите на граѓаните и достоинсвен живот на секој поединец.
Со Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ растат, платите, пензиите, субвенциите за земјоделците се редовни и навремени, а и се подобрува бизнис климата.
Со Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ економијата постепено заздравува и покрај ужасната нерамнотежа кој ја предизвика владата на СДС и ДУИ.
Владата на ВМРО-ДПМНЕ работи на одржлив начин на зголемување на животниот стандард на граѓаните.
Владата на ВМРО-ДПМНЕ годината ја започна со пуштање во употреба на важни инфраструктурни проекти како експресниот пат Куманово-Крива Паланка.
Се пушти во употреба железничката делница Куманово-Бељаковце дел од пругата кон Бугарија.
Имаме 9 нови авионски линии за 6 месеци.
Покрај проектите поврзани со коридорите 8 и 10д и проектите на општините, приоритет се и проектите за финансирање на енергетската ефикасност како и модернизација на земјоделството.
Граѓаните добиваат партнер во Владата на ВМРО-ДПМНЕ.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
________________________________________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.