• сабота, 23 ноември 2024

Реакција на ВМРО-ДПМНЕ на изјавата на Марко Бислимовски

Реакција на ВМРО-ДПМНЕ на изјавата на Марко Бислимовски
Скопје, 27 мај 2022
Бислимовски се обидува да најде оправдување и да обвини други за да ја прикрие неспособноста, криминалот и неодговорноста на власта на СДСМ и ДУИ.
Намаленото домашно производство на електрична енергија, кое е рекордно најниско е причината за енормното поскапување на електричната енергија. Доолку состојбата не беше катастрофална каква што ја направија кадрите на СДСМ денес немаше граѓаните, општините и стопанството да плаќаат толку скапа струја.Повторуваме и потсетуваме дека во моментов општините се сардисани во долгови од превисоките сметки за електрична енергија. Им се топат буџетите предвидени за инфраструктурни проекти, само за да ги подмират сметките за електрична енергија.
Владата на СДСМ и ДУИ не мрдна со мал прст за да им помогне, па општините почнаа да изнаоѓаат законски решенија за да си ги намалат трошоците. Арно ама тоа му посметало на Бислимоски во „кроењето“ на новата цена на струјата во јули, оти не ќе може да спроведе гол популизам демек ги штити граѓаните од превисоки сметки за струја.Резултатот од енергетската политика на владата на СДСМ и ДУИ е енергетска катастрофа. За разлика од сите енергетски компании во светот, ЕЛЕМ е пред банкрот заради тоа што не произведува доволно сопствена струја, туку увезува по 7-8 пати повисока цена. А ЕЛЕМ не произведува доволно струја затоа што се правеа криминогени шеми за фиктивен ископ на јаглен, затоа што остави испразнети акумулации, затоа што беа зафатени со коруптивни тендери во 4 очи и богатење на фирми блиски до власта.За Бислимоски било проблем што дел од општините формирале нови јавни претпријатија кои ги исполнуваат условите од Законот за енергетика, да бидат мали потрошувачи, па сега наместо да купуваат скапа од струја од снабдувачите на слободниот пазар, се снабдуваат од ЕВН ХОМЕ по регулирана цена.
Секој градоначалник кој се бори да заштеди во својата општина и да го преживее енергетската криза која кадрите на СДСМ и ДУИ не знаат или не сакаат да ја решат поради своите криминални бизниси.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
___________________________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан