• понеделник, 17 март 2025

Реакции на ЕУ на трагедијата во Кочани: Европа тагува со вас на овој трагичен ден

Реакции на ЕУ на трагедијата во Кочани: Европа тагува со вас на овој трагичен ден

Брисел, 16 март 2025 (МИА) – Највисоките претставници на институциите на Европската Унија претпладнево изразија жалење за синоќашна трагедија во Кочани и изразија сочувство за жртвите. 

- Срцето ми е скршено од загубата на толку млади луѓе во страотниот пожар во Кочани. Моите мисли се со сите семејства на жртвите од оваа трагедија, наведе претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта во објава на Икс. 

Тој додаде дека „ЕУ се солидаризира со народот на Северна Македонија во овој момент на тага“. 

Претседателката на Европскиот парламент, Роберта Мецола порача дека нејзините мисли „утрово се со народот на Северна Македонија и со семејствата и пријателите на сите оние кои ги загубија животите во страшниот пожар што избувна минатата ноќ во Кочани“. 

- На сите повредени им посакувам брзо закрепнување. Европа тагува со вас на овој трагичен ден, наведе Мецола во објава на Икс. 

Високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика Каја Калас изрази „длабоко жалење за трагичниот пожар, кој однесе премногу млади животи во Кочани“.  

Длабока жалост за трагичниот пожар, кој однесе премногу млади животи во Кочани, наведе Калас во објавата. 

Таа во објава на Икс изрази сочувство до „сите погодени од оваа трагедија“, а на повредените им посака брзо закрепнување.  

- ЕУ ја споделува тагата и болката на народот во Северна Македонија, додаде Калас.  

„Длабока тага“ поради трагедијата во Кочани и сочувство за жртвите изрази и еврокомесарката за проширување Марта Кос.  

Длабоко натажени од трагичниот пожар во Кочани, Северна Македонија, кој однесе животи на премногу млади луѓе, наведе Кос во објава на Икс.

- Длабоко сме натажени од трагичниот пожар во Кочани, Северна Македонија, кој однесе животи на премногу млади луѓе. Наведе Кос во објава на Икс, додавајќи дека нејзините мисли се „со жртвите, нивните најблиски и целата заедница за време на оваа страшна трагедија!“.  

Најмалку 51 лице загина, а над 150 се повредени во пожар што се случи синоќа во дискотека во Кочани. сп/ 

Фото: Икс 

Остани поврзан