• вторник, 07 јануари 2025

„Рајнметал“ планира да испорача уште 180.000 парчиња противвоздушна муниција во Украина

„Рајнметал“ планира да испорача уште 180.000 парчиња противвоздушна муниција во Украина

Берлин, 6 јануари 2025 (МИА) - Германската компанија од индустријата за специјални намени „Рајнметал“ планира да и испорача на Украина уште 180.000 парчиња противвоздушна артилериска муниција со калибар од 35 мм за противвоздушни самоодни артилериски системи „Гепард“, објавено е денеска на веб-страницата на оваа германска компанија.

Во декември 2024 година, Министерството за одбрана на Украина побара од компанијата испорака на 180.000 парчиња муниција HEI-T (експлозивна запалива муниција со механизам за следење) со калибар од 35 милиметри, пренесува Укринформ, наведувајќи дека вредноста на нарачката е двоцифрена во милиони евра и дека е финансирана од германската Влада.

Оваа муниција може да се користи за ефикасно гаѓање на различни воздушни цели, а со оглед на зголемената побарувачка за муниција со калибар од 35 мм, производната линија во погонот на „Рајнметал“ е реконструирана пролетта 2023 година. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан