• среда, 08 јануари 2025

ОН: Повеќе од 5.600 луѓе се убиени минатата година на Хаити во насилства на бандите

ОН: Повеќе од 5.600 луѓе се убиени минатата година на Хаити во насилства на бандите

Порт-о-Пренс, 7 јануари 2025 (МИА) - Повеќе од 5.600 луѓе беа убиени минатата година на Хаити, каде има насилства од бандите, што е зголемување за повеќе од 20 отсто споредено со 2023 година, соопшти денеска Канцеларијата за човекови права на ОН.

Како што се наведува, во насилствата истовремено биле повредени повеќе од 2.200 луѓе, а речиси 1.500 биле киднапирани.

Меѓу убиените се двајца новинари и еден полицаец кои настрадале во пукотница во пресрет на Божиќ додека чекале на долго најавуваното повторно отворање на најголемата јавна болница, која била затворена поради насилствата на бандите. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан