• сабота, 16 ноември 2024

Рајковиќ тренер на годината во ВТБ лигата

Рајковиќ тренер на годината во ВТБ лигата

Москва, 18 април 2023 (МИА) - Емил Рајковиќ е избран за најдобар тренер на сезоната во една од најсилните европски лиги - ВТБ лигата.

 

На почетокот на оваа сезона, македонскиот тренер ја превзема ЦСКА од Москва и веднаш стигна до неверојатни успеси, притоа поставувајќи нови рекорди со „армејците“.

 

Рајковиќ и неговиот стручниот тим во кој е вклучен и Сашо Тодоровски го завршија регуларниот дел од сезоната во силната конкуренција како првопласирани со скор од 30 победи на 32 одиграни натпревари.

 

Освен тоа, ЦСКА го имаше и најдобриот старт на сезоната со 24 победи без пораз, најдолга победничка серија, како и 14. натпревари со 100 или повеќе поени и најдобар поентерски учинок во сезоната со просек од 95,6 поени.

 

Освен тоа, 44-годишниот македонски тренер успеа и да се запише во историјата како единствениот кој освои две награди за најдобар тренер на годината со две различни екипи.

 

Претходно тоа беше во сезоната 2018/19 кога регуларниот дел од сезоната со екипата на Астана заврши на шестото место на табелата. зс/

Остани поврзан