• сабота, 21 март 2026

Халанд инвестира во шахот

Халанд инвестира во шахот


Осло, 21 март 2026 (МИА) – Напаѓачот на Манчестер Сити, Ерлинг Халанд, ќе инвестира во новата шаховска турнеја „Total Chess World Championship Tour“.
„Шахот е неверојатна игра. Го изострува вашиот ум и е сличен на фудбалот. Мора брзо да размислувате, да им верувате на вашите инстинкти и да размислувате неколку чекори однапред. Стратегијата и планирањето се сè“, изјави Халанд за официјалниот веб-страницата на Меѓународната шаховска федерација (ФИДЕ).
„Инвестирам во „Total Chess World Championship Tour“ затоа што верувам дека оваа турнеја ќе го направи шахот попривлечен за фановите ширум светот. Тимот зад оваа иницијатива, Норвешката шаховска федерација, веќе покажа дека знае како да ја развие оваа иницијатива и не можев да пропуштам да се приклучам“, додаде Халанд.
Шахот изминатите години е особено популарен во Норвешка, родната земја на еден од најдобрите шахисти на денешницата Магнус Карлсен.
Новото шаховско натпреварување ќе се состои од четири турнири годишно на четири различни локации низ целиот свет, на кои ќе се игра во три дисциплини – брз класичен шах, брз шах и блиц. Првиот од четирите турнири ќе стартува наесен, а се очекува секој турнир да има награден фонд од најмалку 2,7 милиони долари.ег
ФОТО: ЕПА

Остани поврзан