НБА: Детроит прв тим од Истокот во плејофот
- Детроит синоќа го совлада Голден Стејт со 115-101 на домашен терен и стана првиот тим од Источната конференција во НБА лигата што обезбеди место во плејофот.
Њујорк, 21 март 2026 (МИА) – Детроит синоќа го совлада Голден Стејт со 115-101 на домашен терен и стана првиот тим од Источната конференција во НБА лигата што обезбеди место во плејофот.
До победата ги предводеше Џејлен Дурен, кој го заврши натпреварот со 23 поени и шест скокови во отсуство на повредениот Кејд Канингем. Денис Џенкинс додаде 22 поени, осум асистенции и седум скокови во победничкиот тим.
Брендин Подзиемски со 15 поени беше најефикасен во редовите на Голден Стејт кој го претрпеа седмиот пораз во последните осум натпревари.
Денвер го совлада Торонто со 121-115, додека Хјустон ја прекина серијата од 11 победи на Атланта, совладувајќи ја со 117-95.
Њујорк извојува тесна победа над Бруклин со 93-92, Бостон ја запиша четвртата едноподруго победа, совладувајќи го Мемфис со 117-112, додека Портланд беше поуспешен од Минесота со 108-104. ег
ФОТО: Фејсбук