• сабота, 23 ноември 2024

Рашковски се враќа во куќен притвор, одлучи Апелациониот суд Скопје

Рашковски се враќа во куќен притвор, одлучи Апелациониот суд Скопје
Скопје, 4 јуни 2021 (МИА) – Апелационен суд Скопје денеска донел одлука поранешниот генерален секретар на Владата, Драги Рашковски да се врати, односно да се спроведе во куќен притвор од затворот „Скопје“, потврдија за МИА од Апелациониот суд. Од таму, информираа дека оваа одлука од Апелација е испратена до Основниот кривичен суд во Скопје и се очекува мерката да биде спроведена.

Вишото јавно обвинтелство Скопје денеска предложи да се прифати понудената гаранција во висина од околу 500 илјади евра на Драги Рашковски за да излезе од притвор.

-Ве известуваме дека Вишото јавно обвинителство Скопје, по предметот оформен по поднесена Жалба на обвинетиот Д.Р. со понудена гаранција, до Апелацискиот суд Скопје согласно законските надлежности достави писмен предлог со кој му се предлага на Судот да ја уважи жалбата на обвинетиот, да ја прифати понудената гаранција во висина од 30.686.215.00 денари и да ја замени мерката притвор со понудената гаранција, информира претходно од  ЈОРСМ.

Против поранешниот генерален секретар на Владата Драги Рашковски во моментов се водат две истраги, кои се однесуваат на спроведени тендери за набавка и за одржување на софтвер за сообраќајни прекршоци.  цр/скс/

Остани поврзан