• понеделник, 23 декември 2024

Ратите за новите автобуси ќе се отплаќаат од 2028 година, најавува премиерот Мицкоски

Ратите за новите автобуси ќе се отплаќаат од 2028 година, најавува премиерот Мицкоски

Скопје, 28 ноември 2024 (МИА) – Парите за набавката на новите електрични автобуси ги нема во буџетот се до почетокот на исплатата на првата рата која е предвидена да биде во 2028 година, одговори премиерот Христијан Мицкоски на прашање од пратеничката Сања Лукаревска до каде е набавката за електрични автобуси.

Мицкоски на седницата за пратенички прашања посочи дека парите за набавка нема да се видат во новиот буџет, туку, како што рече, тие ќе бидат во предвидени во полугодишните рати за февруари-март 2028 година.

- Затоа што условот е грејс период и заради анализата на пазарот. За тогаш е планирана првата од осумте полугодишни рати, која ќе доспее дури тогаш. Тогаш ќе се набавуваат 100 до 120 електрични автобуси, со 50 полначи. Поголемиот дел ќе бидат за Скопје, а останатите за градовите во кои има организиран јавен превоз, одговори Мицкоски. згм/лв/

фото: МИА архива 

 

Остани поврзан