• среда, 27 ноември 2024

Раст на просечната каматна стапка кај кредитите и кај депозитите во април

Раст на просечната каматна стапка кај кредитите и кај депозитите во април

Скопје, 31 мај 2023 (МИА) - Просечната каматна стапка на вкупните кредити и на вкупните депозити во април бележи раст. Според податоците на Народната банка, просечната каматна стапка на вкупните кредити во април изнесува 5,08 проценти, а на вкупните депозити 1,17 проценти. 

Зголемување има кај просечната каматна стапка на новоодобрените кредити и на месечно и на годишно ниво и тоа за 0,18 и 1,46 процентни поени, како и кај новопримените депозити за 0,19 и 1,58 процентни поени.

Кај корпоративниот сектор забележано е зголемување на просечната каматна стапка на вкупните кредити и на вкупните депозити. Кај новоодобрените кредити просечната каматна стапка бележи раст од 0,26 процентни поени на месечна основа и сега изнесува 5,53 проценти. 

Кај домаќинствата, каматната стапка на вкупните кредити останува непроменета во однос на претходниот месец, а кај новоодобрените кредити има зголемување од 0,03 процентни поени и изнесува 5,26 проценти. бак/лв/

Фото: Народна банка

Остани поврзан