• сабота, 23 ноември 2024

Расте интересот за посета на нови туристички дестинации во земјава 

Расте интересот за посета на нови туристички дестинации во земјава 
Скопје, 22 август 2022 (МИА) - Пандемијата поттикна голем број домашни туристи да се посветат на истражување и откривање нови досега непознати дестинации ширум државата и ваквиот тренд продолжува да расте, соопшти Кајак.мк, платформа која важи за промотор на домашниот туризам. Од Кајак.мк, информираат дека во изминативе два месеца е поставена нова рекордна бројка на пребарувања и посетеност на нивната платформа. Според нив, јуни и јули се месеците кога голем дел од домашните туристи пребарувале викенд дестинации каде би можеле да престојуваат и да го исполат своето слободно време со активности во природа. Наведуваат дека голем дел од пребарувањата се за села и предели во земјава кои не се доволно атрактивни на туристичката мапа. Според тимот на Кајак.мк, причината поради која е зголемен интересот за посета на вакви рурални, планински и езерски дестинации е пред се навиката која ја стекнале граѓаните во време на пандемијата. Како што велат, покрај годишните одмори во земјава и странство, граѓаните бараат начин како да ги искористат и слободните викенди за активности во природа, посета на нови села, планинарење, уживање покрај планински реки и слично. На платформата може да се најде од сместувачки капацитети низ цела држава, винарии, ресторани и семејства кои нудат гастрономски искуства, па се до активности како кајакарење, параглајдинг и ред други атракции кои може да му го исполнат слободното време на секој турист. Од Кајак.мк, наведуваат дека расте трендот за изнајмување и престој во објекти изолирани во природа каде може да се престојува на подолг временски период. Најчести гости кои покажуваат интерес се лицата кои се во можност да работат он-лајн и бараат секаков начин да ја заменат градската канцеларија со работа во прирда. Спред статистиката, најголем дел од пребарувањата се од лица на возраст од 25 до 35 години, за кои од тимот на Кајак велат дека се генерации кои најчесто ги споделуваат своите импресии и искуства на платформата, што влијае позитивно кога станува збор за подобрувањето на квалитетот на домашниот туризам. мд/дма/

Остани поврзан