Распишан повик за доделување награда „Земјоделец на годината“ од Крива Паланка
- Општина Крива Паланка објави јавен повик за доделување на награда „Земјоделец/ка за 2025 година на Општина Крива Паланка“. На повикот можат да се пријават физички лица со постојано место на живеење во Општина Крива Паланка, регистрирани или евидентирани земјоделски производители во единствениот регистар на земјоделски стопанства при Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.
Крива Паланка, 19 ноември 2025 (МИА) - Општина Крива Паланка објави јавен повик за доделување на награда „Земјоделец/ка за 2025 година на Општина Крива Паланка“. На повикот можат да се пријават физички лица со постојано место на живеење во Општина Крива Паланка, регистрирани или евидентирани земјоделски производители во единствениот регистар на земјоделски стопанства при Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.
-Заинтересираните кандидати за учество на јавниот повик можат да поднесат пополнета пријава по пошта или со достава во архивата на Општина Kрива Паланка, со потполнета пријава, решение за упис во ЕРЗС издадена од МЗШВ ПЕ Крива Паланка, решение за регистриран примарен производител на хранаиздадена од АХВ или копија од сертификат за органско производство, информира службата за комуникација со јавноста на Општина Крива Паланка.
Краен рок за поднесување на пријавите е 03.12.2025 година до 14 часот, по пошта или во архивата на општината.
Документите се доставуваат во затворен коверт со назнака: „За јавен повик за доделување награда за најдобар земјоделец/ка за 2025 година во Општина Крива Паланка“.ид/вј/
Фото: МИА