• понеделник, 23 декември 2024

Распишан меѓународниот тендер за изградба на првата регионална депонија во близина на светиниколското село Мечкуевци

Распишан меѓународниот тендер за изградба на првата регионална депонија во близина на светиниколското село Мечкуевци

Штип, 29 октомври 2024 (МИА) – Меѓународниот тендер за изградба на регионалната депонија во близина на светиниколското село Мечкуевци е распишан на 18 октомври, потврди денеска за МИА, Ана Мазнева-Каранфиловска од Mинистерството за животна средина и просторно планирање.

Изградбата на новиот современ систем за депонирање на отпад опфаќа вкупно 18 општини од Источниот и Североисточниот регион и Општина Свети Николе, која е дел од Вардарскиот регион. Изградбата на депонијата треба да чини 40 милиони евра, средствата се обезбедени од фондовите на Европската Унија.  

Регионалната депонија ќе треба да опслужува околу 370.000 жители од двата региони и би имала вкупен капацитет да прими 900.000 метри кубни отпад. Предвидени се да бидат изграден претоварни станици за отпад во шест општини, а во Мечкуевци да биде главната постројка каде отпадот ќе се преработува по европски стандарди. вдј/дма/

Фото: МИА 

Остани поврзан