Рамос сака да игра на Еуро 2024
- Дефанзивецот на Севилја, Серхио Рамос призна дека би можел да се врати во шпанската репрезентација, пренесува „ITASportPress“.

Мадрид, 26 октомври 2023 (МИА) - Дефанзивецот на Севилја, Серхио Рамос призна дека би можел да се врати во шпанската репрезентација, пренесува „ITASportPress“.
Според италијанскиот спортски портал, фудбалерот сонува да се врати во националниот тим. И до Евро 2024 може да ја продолжи кариерата во националниот тим.
Во февруари 37-годишниот фудбалер објави дека се повлекува од националниот тим. Тој го држи рекордот по бројот на настапи за шпанската репрезентација (180 натпревари).
Рамос со Шпанија стана светски шампион и двократен европски шампион. зс/
Фото: ЕПА