• недела, 27 октомври 2024

Раководителот на Академијата за обуки при Министерство за јавна администрација во Будимпешта

Раководителот на Академијата за обуки при Министерство за јавна администрација во Будимпешта

Скопје, 26 октомври 2024

Раководителот на Секторот за Академија за обуки при Министерството за јавна администрација, Агрон Меџити учествува на ReSPA состанокот, кој се реализира по настанот на Мрежата на директори на институти и училишта за јавна администрација (ДИСПА), обезбедувајќи силна соработка и вмрежување меѓу раководителите на институциите за обука, училиштата и одделенијата за јавна администрација од Западен Балкан.

Оваа иницијатива, организирана од страна на РеСПА, а во соработка со ДИСПА, продолжува да го олеснува ангажманот со земјите-членки на ЕУ, помагајќи да се изградат силни институционални врски со европските институти за јавна администрација и нивните мрежи.

Дискусиите се фокусираа на иновативни пристапи и најдобри практики во клучните области како што е развојот на лидерството, компетенции на високи државни службеници, управување со таленти, стратешка улога на единиците за човечки ресурси, институционална отпорност и управување со знаење.

Овој состанок обезбеди платформа за размена на вредни сознанија и зајакнување на соработката помеѓу институциите на јавната администрација, придонесувајќи за континуирана модернизација и градење капацитети на државните служби во регионот.

Министерството за јавна администрација на Република Македонија ја потврдува својата посветеност за унапредување на јавната администрација преку активно учество во ReSPA и негување врски со мрежите на ЕУ како што е DISPA.

Министерство за јавна администрација

________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан