• петок, 08 ноември 2024

Радев ќе го врачи вториот мандат за формирање влада

Радев ќе го врачи вториот мандат за формирање влада

Софија, 22 јули 2024 (МИА) - Претседателот на Бугарија, Румен Радев ќе го врачи денеска вториот мандат за формирање влада.

Се очекува мандатот да биде доставен претпладнето и веднаш да го врати втората по големина пратеничка група во Народното собрание - „Продолжуваме со промената - Демократска Бугарија“ (ПП-ДБ).

Според одредбите од бугарскиот Устав, по враќањето на тој мандат за формирање влада, претседателот на државата во рок од седум денови и наложува на следната по бројност пратеничка група да предложи кандидат за премиер.

Во случај и тие да не успеат да формираат редовен кабинет, претседателот закажува нови избори и именува нов привремен кабинет. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан