Работна средба на државниот секретар Петрушевски со амбасадорот на Босна и Херцеговина
- Државниот секретар во Министерството за внатрешни работи, Сашо Петрушевски остварил средба со амбасадорот на Босна и Херцеговина, Драган Јачимовиќ. На средбата, како што соопшти МВР, биле потврдени одличните билатерални односи меѓу двете земји и била изразена подготвеност за натамошно продлабочување на севкупната соработка во областите од заемен интерес.

Скопје, 23 април 2025 (МИА) - Државниот секретар во Министерството за внатрешни работи, Сашо Петрушевски остварил средба со амбасадорот на Босна и Херцеговина, Драган Јачимовиќ.
На средбата, како што соопшти МВР, биле потврдени одличните билатерални односи меѓу двете земји и била изразена подготвеност за натамошно продлабочување на севкупната соработка во областите од заемен интерес.
Државниот секретар Петрушевски се заблагодарил за постојаната поддршка од страна на Босна и Херцеговина и ја истакнал важноста за поврзување и засилена соработка на билатерален план во рамките на мултилатералните организации и регионалните иницијативи.
Двајцата соговорници разговарале за актуелните состојби во двете земји, перспективата за интегрирање во Европската Унија, актуелните состојби во регионот, при што бил ставен акцент на илегалната миграција, како и на потребите за управување со миграциските текови, докажувајќи на тој начин дека регионалната соработка останува врвен приоритет на сите нас. дма/cr
Фото: МВР