Работилница „Што претставува и зошто е важен Законот за дигитални услуги на ЕУ?“
- Во рамките на работилницата ќе бидат презентирани и наодите од анализата за регулаторната и институционалната подготвеност на Северна Македонија за усогласување со Законот за дигитални услуги на ЕУ, се појаснува во соопштението.
Скопје, 20 декември 2024 (МИА) - Во организација на Фондацијата за интернет и општество „Метаморфозис“, во Скопје денеска ќе се реализира работилницата „Што претставува и зошто е важен Законот за дигитални услуги (Digital Services Act) на ЕУ?“. Како што појаснуваат организаторите, таа е наменета за граѓански организации и медиуми.
- Оваа работилница има за цел да ја доближи до граѓанските организации и медиумите во Северна Македонија, важноста на усогласувањето на македонското законодавство со Законот за дигитални услуги на Европската Унија, чија цел е да спречи незаконски и штетни активности на интернет, како и ширење дезинформации, притоа обезбедувајќи безбедност на корисниците, заштита на фундаменталните права и создавање фер и отворена средина за онлајн платформите. Во рамките на работилницата ќе бидат презентирани и наодите од анализата за регулаторната и институционалната подготвеност на Северна Македонија за усогласување со Законот за дигитални услуги на ЕУ, се појаснува во соопштението.
Работилницата се реализира во рамките на проектот „Интеграција на Западен Балкан во единствениот дигитален пазар на ЕУ“, што има за цел да ги унапреди стандардите за дигитални права во регионот на Западен Балкан и да придонесе за негова успешна интеграција во единствениот дигитален пазар. бд/вг/
Фото: ЕПА