Работилница „Направи промена за здрава животна средина“ во Охрид
- Осознавање што е тоа животна средина, каква треба да биде грижата за здрава околина, што се тоа климатски промени, што ги предизвикува и кои се последиците од нив, беа тема на дискусија во ра
Охрид, 26 јануари 2022 (МИА) – Осознавање што е тоа животна средина, каква треба да биде грижата за здрава околина, што се тоа климатски промени, што ги предизвикува и кои се последиците од нив, беа тема на дискусија во рамки на работилницата одржана денеска во организација на Националниот парк „Галичица“ и Општинската организација на Црвениот крст од Охрид.
На работилницата насловена „Направи промена за здрава животна средина“ е истакнато дека токму животната средина е она што ги спојува народите глобално, оти ги спојува луѓето кои го споделуваат заедничкиот дом – Планетата Земја.
Инаку, 26 јануари е Светски ден за едукација за заштита на животната средина, а едукацијата за зачувување на животната средина и климатските промени се од голема важност, особено за децата од школска возраст, велат од НП „Галичица“.
Од работилницата е препорачана потребата од рециклирање на отпадот, негова преработка во компост, како и изнаоѓање начини за повторна употреба на искористените материјали. аб/вј/