• четврток, 18 декември 2025

Работен состанок за координација и превенција од пожари во Берово

Работен состанок за координација и превенција од пожари во Берово

Берово, 9 јули 2025 (МИА) – Во организација на ОВР Берово денеска во салата за состаноци на Одделението, се одржа работен состанок на тема: „Превенција, координација и постапување при појава на пожари“, на кој учествуваа претставници на институциите од општините Берово и Пехчево.

Состанокот се одржа како реакција на соопштението на МЗШВ и одлуката донесена поради зголемениот ризик од појава на шумски пожари, со која, согласно насоките од Владата и барањата на ЈП „Национални шуми“ и националните паркови, се воведува целосна забрана за движење во шума и шумско земјиште во периодот од 1 јули до 31 август 2025 година.

-На состанокот се дискутираа конкретни точки од дневниот ред поврзани со координацијата на институциите, зголемување на теренски контроли и мерки за информирање на граѓаните. Беше потенцирано дека директните акции, превентивните активности и соработката меѓу институциите се клучни за справување со евентуални пожари и подигнување на јавната свест за нивната опасност, истакнаа од ОВР Берово.

На состанокот како што додадоа присуствуваа претставници од: Општина Берово, Општина Пехчево, Граничната полиција, Шумската полиција, ЈП Национални шуми, Одделението за одбрана, Територијалните противпожарни единици (ТППЕ), Доброволните противпожарни друштва (ДПД), ЦУК, ДЗС, Offroad Malesh, ЈЗУ, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ), ловни и планинарски друштваж

-Сите присутни институции дадоа свој придонес и потврдија подготвеност за заедничко делување во случај на појава на пожари на територијата на Берово и Пехчево, информираа од ОВР Берово. вс/


Фото: МИА

Остани поврзан