• петок, 26 јули 2024

Пчелар од струмичко предизвикал пожар, при гаснењето добил изгореници

Пчелар од струмичко предизвикал пожар, при гаснењето добил изгореници

Струмица, 24 јули 2024 (МИА) - Седумдесет и три годишниот пчелар Г.П. од село Мокрино, Општина Ново Село, вчера предизвикал пожар откако му паднала направата за чадење на пчели во која имало жар.

Како што соопштија од СВР Струмица, пожарот бил локализиран, а при гаснењето пчеларот се здобил со изгореници.

Инаку, вчера во полицијата во 11:40 часот било пријавено дека во близина на манастир „Свети Ѓорги“ во близина на Ново Село, струмичко, избувнал пожар во кој била зафатена сува трева.

Увид на местото извршила екипа на СВР Струмица. рт/цр

Фото: МИА архива

Остани поврзан