• четврток, 24 јули 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Пуштено во употреба ново спортско игралиште во ООУ „Ристо Крле“ – н.м Кадино

Пуштено во употреба ново спортско игралиште во ООУ „Ристо Крле“ – н.м Кадино

Скопје, 5 јуни 2025

Општина Илинден продолжува со подобрување и унапредување на условите во образовните установи во сите населени места. Како дел од заложбите за подобрување на наставата по физичко образование и промоција на здрави навики меѓу младите, денес во дворот на Основното општинско училиште „Ристо Крле“ во Кадино беше пуштено во употреба ново, повеќенаменско спортско игралиште.

Игралиштето е изградено на целосно нова бетонска подлога, со терен обележан за повеќе спортски дисциплини. Исто така, за таа намена се поставени и нови голови и кошеви. А целиот простор е ограден со нова заштитна ограда и опремен со модерно осветлување преку канделабри. Со оваа реконструкција, учениците добиваат современи услови за реализација на часовите по физичко воспитување, но и простор за одржување на спортско-рекреативни активности.

На свеченото отворање присуствуваше и градоначалникот на општина Илинден, Александар Георгиевски, кој со задоволство ги проследи настапите на вредните ученици од ООУ „Ристо Крле“. На новото игралиште се одригра и првиот кошаркарски натпревар, во кој машките и женските екипи истовремено ги одмерија силите. По завршувањето на мечот, градоначалникот Георгиевски на победничките тимови им додели баскети и им посака многу успешни и радосни моменти на новото игралиште.

Општина Илинден продолжува да инвестира во спортската инфраструктура со цел да создаде здрави и среќни генерации, кои ќе уживаат во квалитетно образование. 

Општина Илинден

_______________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

Фото Општина Илинден 

            

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан