• сабота, 23 ноември 2024

Пуштена во употреба новата спортска сала во училиштето „Сарај“

Пуштена во употреба новата спортска сала во училиштето „Сарај“
Скопје, 10 февруари 2020 (МИА) - Нова спортска сала беше пуштена денеска во употреба во средното училиште „Сарај“. Според градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, кој денеска присуствуваше на свеченото пуштање во употреба, ова е првата сала во Градот во која има и спортски семафори, а е опремена да организира и државни спортски натпревари. - Ми претставува чест и задоволство денеска да присуствувам на пуштањето во употреба на оваа спортска сала, нешто што ни недостигаше во рамките на ова градско средно училиште, сала којашто ја изградивме заедно во рекордно кратко време за една година. Целта е Сарај како општина да го внесеме на едно повисоко ниво во квалитетот на живеење во нашиот град, истакна градоначалникот. Шилегов додаде дека Градот Скопје продолжува да вложува во образованието во делот на обезбедување подобри просторни и други услови за изведување на наставата и воншколските активности согласно со надлежностите на локалната самоуправа. -Оваа сала е доказ за она што постојано го говорам дека ако работиме сите заедно, ако имаме квалитетна меѓу институционална соработка, ако имаме поддршка едни со други, успехот е неминовен, додаде градоначалникот Петре Шилегов.бт/дма/  

Остани поврзан