• сабота, 23 ноември 2024

Путин: Норникел ќе ја надомести целата штета предизвикана од излевањето

Путин: Норникел ќе ја надомести целата штета предизвикана од излевањето
Москва, 5 јуни 2020 (МИА) - Норилск Никeл (Норникел) со право ќе ги плати сите трошоци за да ја надомести штетата од излевањето на нафтата во Норилск, изјави денеска рускиот претседател Владимир Путин на средбата со еколозите и активистите за животни. - Сосема е во ред што компанијата е подготвена да плати за сите тие активности од нивни средства, рече Путин. Портпаролот на Путин, Дмитриј Песков претходно изјави дека не е прифатлива никаква политика на моќ при истрагата за несреќата во термоцентралата ЧПП-3 во Норилск. Примарна задача е да се испрати брза помош по несреќата, изјави портпарол на Кремљ, додавајќи дека втората задача е да се испита причината за несреќата. јт/

Остани поврзан